Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград

“Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград – книга-нопак!” е книга за едно многу посебно девојче од еден многу посебен град. Осамено сираче кое вдомува несакани суштества, суштества кои се секогаш обесправени заради нивниот изглед: стаорци, бубачки, пајаци, црни мачиња, лилјаци… но и чудовишта, а и еден многу пријателски настроен дух. Но, тоа не е сè, затоа што спроти Страшкоград има уште еден град, наречен Сретково – прекрасен град во кој живеат сите убави, слатки суштества. Со овој град владее принцезата Роза. Но, ништо не е онака како што изгледа на прв поглед. 

Книгата има две корици, но всушност се чита одназад. И да, постои причина за тоа, освен што е необично, интересно и забавно. Причината е што понекогаш работите треба да ги погледнеме од друг агол, за да можеме да ги разбереме.

Романот е фантастична приказна која им посочува на децата да не судат според изгледот, да ги отворат срцата за оние што се различни од нив и ги учи дека добрината, пријателството и храброста можат да се најдат и на мошне неочекувани места. 


Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград книга-нопак! од Билјана С. Црвенковска и Нита Муча

цена: 400 ден.


Онлајн нарачки:


Возраст: од 7 до 107 години


НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Потесен избор за наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, за 2019 година

– Признание за трето место во категоријата најдобра книга за деца и млади меѓу два саеми на книга, кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), за 2020 година

– Признание за прво место во категоријата најкреативно издание меѓу два саеми на книга, кое го доделува Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), за 2020 година


Прочитајте извадоци од книгата


Билјана С. Црвенковска – „Sвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ (книга-нопак! со две корици)

Илустрации: Нита Муча

Категорија/жанр: Книга за деца; илустриран роман

Едиција: Различни и прекрасни

Формат: Б5

Повез: мек

Број на страници: 88

ИСБН: 978-608-66234-3-2

Година на издавање: 2019


Рецензии за книгата:

Кога наопаку е право и обратно – магазин Анторис

Responses

  1. Чудна шума со неколку награди на Саемот на книгата – Чудна шума Avatar

    […] место за илустрираниот роман „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита […]

    Ми се допаѓа

  2. Чудна шума со неколку награди на Саемот на книгата | Чудна шума Avatar

    […] место за илустрираниот роман „Ѕвезда Мрак и суштествата од Страшкоград“ од Билјана С. Црвенковска, со илустрации на Нита […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар

A WordPress.com Website.